„Ви благодарам на поддршката“

Ѓуриќ во маица „Тато, ова е за тебе“ бурно поздравен: Ова не е партиски, туку собир на народот (ВИДЕО)

Бурно поздравен од присутните, Петар Ѓуриќ се појави на собирот пред Собранието на Србија во Белград и со слоганот на маицата порача „Тато, ова е за тебе".

Screenshot

„Ви благодарам за поддршката. Јас не сум во партија и ова не е партиски собир, туку собир на народот“, рече Ѓуриќ.

Тој дојде со својата мајка и рече „гледате дали сме ние хулигани“, осврнувајќи се притоа на пишувањето на провладините медиуми за неговата претходна изјава.

Тој ги повика собраните да ги послушаат повиците на младите луѓе и да седат на тротоарот.

Тој симболично го поздрави својот татко, за кој рече дека секогаш го учел да гледа кон иднината.

„Татко ми секогаш гледаше напред, во 22 век и така ме учеше и мене. Така ќе го воспитувам и син ми“, рече Петар Ѓуриќ пред насобраните граѓани.

„Ние сакаме мирно да протестираме за правда и вистина и против неправда. Ќе останеме овде додека треба и колку треба“, рече Петар Ѓуриќ во програмата на Н1, кој стана симбол на протестите во Србија, откако во програмата во живо рече дека неговиот татко починал од коронавирусот и дека немало респиратор и рече: „Тато, ова е за тебе“.

Но, додека кај дел од јавноста Ѓуриќ стана како симбол на протест, српскиот претседател Александар Вучиќ строго го нападна на вчерашната прес-конференција, тврдејќи дека лажел за смртта на неговиот татко. Вучиќ не застана таму, туку вадеше работи од минатото на Ѓуриќ за да го компромитира.

„Сакам да укажам на бројни лаги. Синоќа како херој претставија човек чиј татко починал од корона, и тоа затоа што немало респиратор. Тоа е ноторна лага, таква ноторна лага што е морничаво. Лекарите користеа инвазивни и неинвазивни методи, правеа сè што е потребно, се бореа до последната секунда. Никогаш не ни недостасуваше ниту еден респиратор“, рече Вучиќ.

„Се работи за личност со лошо минато, осудуван за прекршоци, кривични дела и други работи“, додаде тој.

Ѓуриќ му одговори на Вучиќ на Фејсбук и објави докази во форма на медицинска историја што докажува дека неговиот татко чекал неколку дена да дојде до респиратор.

"Pinokio porastao ti je nos." Predsednik, bezočno laže po onoj narodnoj obraza nema, a guzici se ne boji, ni on, a ni...

Posted by Petar Djuric on Wednesday, July 8, 2020

Според објавениот документ неговиот татко Љубиша Ѓуриќ, бил примен во болницата во Земун на 28 март, а во неколку наврати било направено забелешка дека се чека на слободно место во респираторниот центар и на 9 април било забележано дека сè уште се чека место на респиратор.

Починал три дена подоцна, на 12 април.

Легенда под Главна слика

Screenshot

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе