среда, 8 мај 2024
Избори 2024

Мециновиќ: Изборниот молк речиси да не важеше за никој освен за Левица

За притисоци за време на изборите и изборниот молк обвини Ливица и како што велат оттаму луѓе блиски до досегашната власт прават притисоци на нивни активисти, додека во Општина Долнени активисти на најголемата опозициска партија вршеле притисок врз нивни членови и нивни модератори им се заканувале со откази после изборите.

Објавено на

часот

Сподели

„На некои пријавени изнемоштени и болни лица во Куманово вчера им било ускратено правото на глас. Избирачите списоци се полни со проблеми, им се ускратува правото на глас на луѓе, додека починати лица сеуште стојат на списоците. Луѓе со постојано живеалиште во Македонија се пронајдени на списоците за дијаспората. Изборниот молк речиси да не важеше за никој освен за Левица. Во неколку општини и ИМ гласањето почнува подоцна, додека рекламен материјал пред ИМ е забележан во Кичевско, Чаир и Бутел. Луѓе блиски до досегашната власт прават притисоци на наши активисти, додека во Општина Долнени активисти на најголемата опозициска партија вршат притисок врз наши членови и на наши модератори им се закануваат до откази после изборите. Очекуваме да продолжат овие нерегуларности и недостатоци. Левица освен што ја менува политичката култура, туку се покажува и како фактор на демократизација на процесите“, вели портпаролот на Левица, Амар Мециновиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ