Ѓукановиќ: Затворете ги границите (ВИДЕО)

Претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ побара затворање на границите поради влошената епидемиолошка ситуација во земјата.

EPA-EFE

Тој денес им се обрати на граѓаните на Црна Гора, а во снимката наведе дека ситуацијата од април и мај, кога состојбата во другите земји била катастрофална и кога на лидерите им изразувал сочувство, сега е црногорската реалност.

„Страшните бројки за секојдневниот пораст на бројот на умрени и заразени не смеат никого во Црна Гора да остават рамнодушен“, кажа Ѓукановиќ и додаде: „Здравјето на нашите граѓани е во сериозна опасност“.

Тој кажа дека за нешто повеќе од 11 месеци од последиците на инфекцијата со коронавирусот умреле над 1.000 граѓани и дека сега повеќе од кога било се потребни системски пристап, тимско дејствување на надлежните институции, професионалност, ефикасност и солидарност, во вршењето на работите.

„Во таа цел е неопходно ажурно воведување и енергична примена на соодветни епидемиолошки мерки, ефикасна контрола на нивното почитување, затворање на границите за влез во Црна Гора без ПЦР тест, како и забрзување на процесот на вакцинирање на населението во интерес на поефикасна и подолгорочна заштита на здравјето на населението. За да успееме во тоа мора да се издигнеме над сите поделби, да заборавиме на меѓусебните обвинувања и на сите разлики и несогласувања од политичка и друга природа, да покажеме дека како општество сме дораснати на овој предизвик и времето во кое живееме“, кажа Ѓукановиќ.

„Она што во април или мај минатата година беше тажна вест во пријателските земји во светот со многу поголем број жители, поради што на шефовите на државите во име на граѓаните на Црна Гора и во свое име им испраќав сочувство и солидарност, денес е нашата трагична реалност“, истакна црногорскиот претседател.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе