„Српскиот свет е еуфемизам за Голема Србија“

Ѓукановиќ во Загреб: Ова е порака до Србија

Претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ стигна денес во официјална посета на Хрватска.

EPA-EFE

По пристигнувањето во таа земја, тој се сретна со претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ, и двајцата државници по состанокот им се обратија на медиумите.

„Поканата следеше по чудните и незгодни настани на Цетиње во последните денови. Посетата секако требаше да се случи, но овие настани ја забрзаа. Сакавме да ѝ дадеме поддршка на отворена Црна Гора, повеќето нешта ги разјаснивме. Црна Гора во 1997 година ме наведе да се прашам, можеби е тоа поинаква држава. Тоа беше кога демонстрантите во маршот на Тузи, кај Подгорица, каде што живеат католички Албанци, кога толпата одеше физички да се пресмета, ги сопре полицијата. Тоа беше првпат на просторите на дивјачки турбулентната Југославија, во тие краеви полицијата да застане во заштита на национално малцинство кое беше третирано како непријател. Од тогаш Црна Гора е поинаква, кандидат е за членство во ЕУ и го отвори своето последно поглавје“, кажа Милановиќ во обраќањето.

Милановиќ најави дека со црногорскиот претседател, откако тој ќе ги посети премиерот Андреј Пленковиќ и шефот на Саборот Гордан Јандроковиќ, уште некое време ќе се дружи на Бриони.

„Задоволен сум од денешниот престој во Загреб. Благодарен сум на поканата за возвратна посета и на добриот избор на терминот за нејзина реализација. Сакам да го изнесам гледањето на нашите односи – Хрватска ја гледаме како добар сосед, кој нè поддржува, имаме интензивна размена на искуства поврзана со преговорите со ЕУ. Во таа цел имаме чести политички контакти кои се на највисоко ниво, во прилог на тоа е и денешната посета. Разговараме фокусирани на евроатлантските напори, би повторил дека за нас европската и евроатлантската иднина се еднакви на стабилност на Балканот. поради тоа нè погаѓа дефицитот на внимание од Европа на случувањата во Црна Гора“, кажа Ѓукановиќ.

„Русија на просторот на Западниот Балкан дејствува за пласман на геополитичките интереси. Пораките кои ги добиваме од Москва де дека нашето партнерство во НАТО не е добар геополитички избор. Веќе кажав дека нема алтернатива на евроатлантската иднина. Од соседите кои најдобро го познаваат нашиот регион ќе имаме поддршка во будењето на успаното внимание во Европа, да ни помогне да не се лизнеме од пат“, кажа претседателот на Црна Гора.

Милановиќ објасни дека посетата на Ѓукановиќ е и порака до официјален Белград.

„Посетата на Ѓукановиќ е и порака до Белград. Се сеќавам на сè низ што минуваше Хрватска, се решававме од влијанието на меѓународната заедница како од заразна болест. Тоа што во Црна Гора нема војна не е причина за Европа да ги држи очите затворени. Таканаречениот српски свет е еуфемизам за Голема Србија“, кажа Милановиќ.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе