Зборувајќи на панел во организација на Европските социјалдемократи во Виена, тој обвини дека во 2016 година во Црна Гора Русија се обидела да спроведе државен удар, за да ја спречи да се придружи на НАТО.
Иако не успеа во тоа, кажа Ѓукановиќ, било очекувано дека Русија нема лесно да се помири со „шлаканицата која ја доби од малата Црна Гора“.
„И не се помири. Таа водеше своја хибридна војна сите овие години“, кажа црногорскиот претседател додавајќи дека потоа настапиле „руските соработници од регионот“.
„Не заборавајте дека Русија во тие четири години инсталираше две свои бази за водење на хибридна војна во регионот, во Србија и во Република Српска. Само слепец не сака да го види тоа“, кажа Ѓукановиќ.
Тој додаде дека Русија го развила своето влијание во бројни области, дека има развиени медиумски, разузнавачко-безбедносни структури, но и стопанско енергетски структури и дека ја злоупотребува православната црква во регионот.
„Не е чудно тоа што мали земји како Црна Гора не успеаја целосно да одолеат на таквата агресија“, кажа Ѓукановиќ.