Ѓукановиќ во Њујорк: Обновена е опасноста од дестабилизација на Западниот Балкан

И покрај бројните предизвици, Црна Гора останува решителна да ја брани граѓанската, инклузивната, мултиетничката и европската демократија и да биде доказ дека мултиетничка демократија на Балканот е можна, и дека е единствен гарант на просперитетот, порача претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ на Генералното собрание на Обединетите нации.

EPA-EFE

Тој предупреди од наводната обновена опасност од дестабилизација на Западниот Балкан и како што кажа, стеснување на хоризонтот на неговата европска перспектива, пренесува РТЦГ.

Ѓукановиќ денес на дебата на 76-тото заседание на Генералното собрание на ОН во Њујорк наведе дека Црна Гора истрпела и градела подобра иднина за сите граѓани врз основа на еднаквоста и без дискриминација.

„Градеше и продолжува да гради односи на доверба и соработка со своите соседи. Беше, како што тоа највисоките функционери на нашите домаќини го кажуваа, оаза на мирот на Балканот во воените 90-ти. Како соучесник во регионалната безбедност стана членка на НАТО и лидер е во процесот на европските интеграции“, истакна премиерот на Црна Гора.

Црна Гора, потсети Ѓукановиќ, годинава одбележа 15 години од обновата на независноста и времето кога црногорското знаме за прв пат се вееше на Ист Ривер.

„Го минавме тешкиот пат од чинот на приемот кој беше најширока потврда на признавањето на обновената државност, позиционирање на Црна Гора на главните правци на дејствување на ОН и клучните надворешнополитички партнери, до денешната видливост, препознатливост и афирмираност кои далеку ја надминуваат големината на земјата“, кажа Ѓукановиќ.

Тој додаде дека тој пат никогаш не бил едноставен, „особено не на Балканот, кој е обременет со минатото“.

„Ни денес не престанува да биде место на судирање на спротивставените интереси, геостратегиските натпреварувања, вечен предмет на грижа на различни меѓународни актери, но не секогаш на потребно и навремено внимание“, кажа црногорскиот претседател.

„Затоа и денес од ова место Црна Гора предупредува на обновената опасност на дестабилизација на Западниот Балкан и стеснувањето на хоризонтот на неговата европска перспектива“, истакна Ѓукановиќ, укажувајќи дека за огромните проблеми и кризите, кои само се множат, потребно е силно лидерство.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе