Ѓукановиќ: Сведочиме на пораст на говорот на омраза и нетрпеливоста

Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ изјави дека сведочиме на пораст на говор на омраза, национална, етничка нетрпеливост, навредливо однесување и понижување на жените, усвојување дискриминаторски закони.

EPA-EFE

„Се понижуваат највисоките вредности и богатството на црногорското општество – соживотот во различностите и заемното почитување“, порача Ѓукановиќ по повод Денот на нулта толеранција.

Ѓукановиќ истакна дека овој ден потсетува и опоменува на заедништво и заштита од дискриминацијата и унапредување на правото на секој поединец на живот со достоинство, без оглед на кое било лично својство или уверување.

„Црна Гора нема и не смее да дозволи дискриминацијата, и покрај значајните исчекори на законодавен план, да биде предмет на системско премолчување, идеолошка и политичка злоупотреба без соодветен одговор“, наведе на Твитер црногорскиот претседател.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе