Ѓукановиќ: Срамота за големата и значајна Русија

Кабинетот на шефот на црногорската држава реагираше на изјавата на портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, со соопштение во кое се вели дека е срамен начинот на кој Русија се однесува кон Црна Гора и кон нејзиниот претседател.

Фото: ЕПА

Захарова рече дека обвинувањата на Ѓукановиќ против официјална Москва и Руската православна црква се негов обид да се врати на власт.

Реагирајќи на обвинувањата од шефот на црногорската држава, таа оцени дека групата околу Ѓукановиќ упорно продолжува да игра на црковната карта и дека целта е да се воведе конфузија, да се поделат Црногорците на пријатели и непријатели и да се зголеми напнатоста во општеството заради обновување на владата под негово покровителство.

Таа посочи дека во исто време се крие фактот дека мислењето на значителен дел од населението на Црна Гора беше игнорирано во претходната влада, која беше фокусирана на таканаречените евроатлантски избори, пренесе РИА новости.

Кабинетот на Ѓукановиќ во неделата соопшти дека Русија и Руската православна црква ја дестабилизираат Црна Гора во обид да ги задоволат „империјалните амбиции“ на официјална Москва и „амбициите на Голема Србија“ од Белград.

„Повторно од Москва доаѓаат изјави во кои е вкоренет зборот 'срамота'. Зборот што најдобро одговара на она што го прават претставниците на световните и на духовните власти на Русија, продолжувајќи да се мешаат сѐ поотворено во внатрешните работи на Црна Гора, со груби клевети кон шефот на една пријателска држава. Измислувајќи притоа дека мнозинството граѓани на Црна Гора ја поддржуваат Српската православна црква“, се наведува во соопштението од кабинетот на претседателот на Црна Гора.

Тие не можат, се вели, да скријат колку всушност се повредени од „таканаречената“ евроатлантска ориентација на Црна Гора.

Но, се додава, не им пречи што „српскиот патријарх и српскиот митрополит беа доставени на Цетиње со хеликоптер на НАТО, покриени со панцир-ќебе“.

„Оваа акција е поддржана и од Русија“, се вели во соопштението и се додава дека „историјата оние што се одговорни за тоа ќе ги смести токму на тие страници“.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе