Црногорскиот претседател

Ѓукановиќ: САД силно нѐ поддржуваа

Вашингтон во најголема мера им пружи силна поддршка на стратегиските одлуки на Црна Гора, порача претседателот Мило Ѓукановиќ.

Подрршката дошла за одлуките со кои Црна Гора го трасирала курсот на демократски развој и европскиот и евроатлантскиот пат.

Тој ова го истакна на приемот по повод одбележувањето на Денот на независноста на САД 4 јули, во американската амбасада во Подгорица.

Во долгото обраќање, Ѓукановиќ зборуваше за историските врски на Црна Гора и САД, и порача дека токму на тие цврсти темели во последните децении било градено силното партнерство на двете земји.

Потсети дека САД биле меѓу првите земји кои ги признаа резултатите од референдумот за независност во 2006 година, а набрзо потоа беа воспоставени дипломатски односи.

Пресудна била, како што кажа, и поддршката од САД во исполнувањето на високите стандарди во процесот на евроатлантската интеграција која ја квалификувала Црна Гора за членство во НАТО пред две години, ја зацврстило важноста на историскиот чин на обнова на државноста, и отворило нова перспектива за развојот на црногорското општество.

„Тој однос продолжува и денес во Алијансата, вклучувајќи ги мировните мисии од Авганистан до Косово. Одговорите на современите предизвици и закани ги бараме заедно, рамноправно делејќи го товарот, без оглед на големината и капацитетите. Пред сѐ преку НАТО, во кој Америка има водечка улога и специјална одговорност за чување на евроатлантизмот“, наведе Ѓукановиќ.

Тој порача дека официјална Подгорица останува посветен промотер на западните вредности, фокусирани на достигнување на стандардите на демократските општества, на зачувување на мултиетничноста и мултикултурноста на заедницата, и унапредување на квалитетот на животот на граѓаните, што Црна Гора ќе ја квалификува да биде првата следна членка на ЕУ кога за тоа ќе се создадат услови.

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе