Ѓукановиќ: Раководството на Србија ѝ прави штета на сопствената држава (ВИДЕО)

Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ оцени денес дека раководството на Србија со своите постапки ѝ прави штета на државата и на својот народ.

EPA-EFE

Тој денес во Бар кажа дека според неговото толкување на уставот возможно е, во текот на еден мандат на парламентот, да дојде до промена на мандатарот за состав на владата.

Ѓукановиќ истакна дека тоа не значи распишување нови избори, туку враќање на мандатот на претседателот на државата, за процедурата на доделување на тој мандат да се одвива како и во првиот наврат.

„Тогаш кога ќе се формира парламентарно мнозинство од најмалку 41 пратеник, тоа мнозинство му се обраќа на претседателот на државата да му го додели мандатот“, објасни Ѓукановиќ.

„По евентуален пад на владата, би можело да дојде до реаранжирање, односно избор на нова влада, и ако тоа не вроди со плод, дури тогаш би се одело на нови избори“, кажа црногорскиот претседател.

Тој кажа дека неговата партија ДПС не го бојкотирала парламентот, туку дека тоа била порака за оние кои не ги исполниле очекувањата на демократска и проевропска Црна Гора.

„Веднаш по парламентарните избори кажавме дека сме политика и партија која ја создаваше оваа држава, според тоа имаме одговорност да продолжиме да ја градиме. Нема бојкот на институциите, има само придонес на понатамошниот развој на институциите“, кажа Ѓукановиќ.

Тој потсети на претходните медиумски кампањи од Белград, во кои, како што кажа, се манипулирало со тоа дека некој сака да ги граба православните храмови.

„Така и сега се обидува да се манипулира дека Резолуцијата е осуда на Србија и на српскиот народ, иако во неа постои прецизен дел дека осудата на геноцидот не може да се однесува на народ, туку дека геноцидите ги извршиле поединци, а дека политиките треба да направат јасно одвојување од тие поединци кои направиле такви нечовечни дела“, кажа Ѓукановиќ.

Тој додаде дека државниот врв на Србија со коментарите ѝ прави голема штета на таа држава и на нејзиниот народ.

Ѓукановиќ порача дека Црна Гора не се меша во прашањето на Сребреница, туку во „прашањето на геноцидот“.

„Сребреница не е во дворот на Србија туку во дворот на Босна. Каде и да се случи геноцид, здраворазумната политика мора да го осуди. Сеедно дали се случил во Руанда или на Балканот“, наведе Ѓукановиќ.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе