Црногорскиот пртседател

Ѓукановиќ: Протестите се политички, нема да поднесам оставка

Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ тврди дека протестите во Подгорица не се граѓански туку политички, и дека зад нив стојат опозициските партии, со политички идеи.

Ѓукановиќ во емисијата Интервју на ТВЦГ повтори дека нема да поднесе оставка, што е едно од барањата на демонстрантите.

„Тука граѓанскиот карактер на протестите би требало да го донесе тоа што формално лидерите на протестите не се лидери на политички партии, туку луѓе кои до вчера биле припадници на разни партии. И денес тие би требало да бидат гаранција дека станува збор за граѓански протести, иако добро знаеме дека зад тие протести стојат политички партии, не само со логистика туку и со политички идеи“, кажа Ѓукановиќ.

Црногорскиот престедател тврди дека политичката идеја ја артикулирале параполитички структури, оние кои, според него, „со години ја креираат идејата за насилна промена на власта, со опозициски медиуми и бројни невладини организаии кои се претставуваат како независни“.

„Нивната цел е недемократска смена на власта“, кажа Ѓукановиќ и додаде дека овој пат имаат барање да ја „обездржават“ државата и да ги уништат институциите.

Тој оцени и дека е „јасно забележлива нишката“ која ги поврзува сите барања за негова оставка во последните 30 години, бидејќи, како што кажа, станува збор за политика која не верува во силата на своите аргументи.

„Политиката која ни е спротивставена не е политика која може да победи. Тие не можат да победат на избори, затоа креираат афери. Тие го засилуваат својот активизам за да креираат афери со помош на кој било политички десперадос, кој би довел до револуционерен жар што би им помогнал идеите да ги спроведат во дело“, заклучи Ѓукановиќ.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе