Ѓукановиќ пред Уставниот суд

Со гласовите на 41 пратеник на владејачкото мнозинство, собранието на Црна Гора денес одлучи да почне постапка за утврдување дали претседателот на државата Мило Ѓукановиќ го прекршил уставот и предметот ќе го проследи на Уставниот суд, кој за тоа треба да се изјасни.

EPA-EFE

Предлогот во собранието го поднесе Социјалистичката народна партија, која смета дека Ѓукановиќ, со своите изјави и постапки на Цетиње, на почетокот на септември грубо го нарушил членот 14 на уставот кој пропишува дека верските заедници се одвоени од државата, како и дека се слободни во вршењето на верските обреди и верските работи.

Повод беше изјавата на Ѓукановиќ од 28 август дека ќе отиде на протестот на Цетиње ако не се откаже од устоличувањето на митрополитот на СПЦ црногорско-приморски Јоаникие во тој град.

„Се надевам дека ќе бидам во ситуација на 5 септември и самиот да бидам на Цетиње, таму каде што се граѓаните, каде што е мнозинска Црна Гора и каде се брани достоинството на државата“, кажа тогаш Ѓукановиќ.

Ако Уставниот суд процени дека претседателот го нарушил уставот, собранието со гласовите на најмалку 41 пратеник може да донесе одлука за негово разрешување.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе