На неговиот апел одговори Министерството за здравство, кое во соопштение му порача на претседателот „малку помалку да пее на кафеанските ноќни забави“.
Ѓукановиќ е заразен со коронавирусот, а вчера оцени дека состојбата е алармантна.
По тоа, Министерството го повика Ѓукановиќ да не сее страв и паника и му посака добро здравје „додека работи на Твитер од дома и што поскоро да закрепне“.
„Затоа што она што тој го претставува како специфичност на Црна Гора, а тоа е најголемиот број регистрирани инфекции на дневна основа од почетокот на пандемијата, е реалност на целата Европска Унија веќе извесно време, како и на Велика Британија, кои, за жал, значително пред Црна Гора, секојдневно бележеа рекорден број случаи. Омикрон ‘си ги покажа забите’ во сите земји, сосема независно од мерките што се во сила во разни земји во светот“, соопшти Министерството.
Во Црна Гора во последните 24 часа се регистрирани дури 1.120 нови случаи на коронавирусот, по што Министерството за здравство најави дека денес ќе ја информира јавноста за новите мерки за сузбивање на пандемијата. Црна Гора на 21 декември ги олесни епидемиолошките мерки.