Ѓукановиќ: Одлучни сме да го решиме прашањето на црквата (ВИДЕО)

Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ изјави за предлог-законот за слобода на вероисповедта дека Црна Гора е решена да го среди многу деликатното прашање на црквата, но и дека очекувал повеќе од Советот за општи работи на Европската Унија кој не даде зелено светло за отворање на пристапни преговори со Македонија и Албанија.

Ѓукановиќ, кој беше специјален гостин на работниот ручек на амбасадорите на државите членки на ЕУ акредитирани во Црна Гора, кажа дека при решавањето на проблемот со црквата нема да наседнува на провокации и ќе се воздржи од понатамошно заострување на ситуацијата, но дека бескомпромисно ќе ги брани своите интереси.

Црногорската влада усвои предлог закон за слобода на вероисповедта кој предвидува дека сите верски заедници, вклучувајќи ја Српската православна црква, мора да докажат дека пред 1918 година биле сопственички на црковен имот, инаку ќе им биде одземен. Митрополијата црногорско-приморска на СПЦ остро се противина законското решение и бара да се повлече.

Повлекување на законот од владата на Црна Гора минатата недела побара и претседателот на Србија Александар Вучиќ.

Владата во Подгорица ја одби „молбата“ на Вучиќ и порача дека „не дозволува на никој“ да влијае врз нејзините одлуки.

Ѓукановиќ оцени дека заклучоците на Советот се под очекувањата на западниот Балкан, напоменувајќи дека би било подобро за стабилноста на регионот и Европа, како и економскиот и демократскиот развој, да било постигнато повисоко ниво на компромис.

„Билансот е можеби реален израз на она каква состојба гледа ЕУ, но не е во согласност со тоа како ние од регионот го гледаме, особено во контекст на одложувањето на одлуката за отворање на преговорите со Макеоднија и Албанија“, кажа Ѓукановиќ.

Затоа, според оценката на црногорскиот претседател, исклучително е важна идната вмешаност на европската политика, да се најде баланс меѓу она што се очекувањата кон Балканот и Европа како глобален играч.

ЕУ треба принципиелно да реагира на отворениот национал-шовинизам на бугарскиот парламент, се вели во отвореното писмо на македонски академици и професори до европретставниците во Македонија.

повеќе

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе

На Македонија и Бугарија им треба дебата која ќе го унапреди историското разбирање без робување на идеологии, митологии и политики.

повеќе