Ѓукановиќ: На изборите не се случи мој пораз, нема да заминам од функцијата

Претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ кажа дека не се плаши од никакви кривични пријави и дека знае како работел.

EPA-EFE

Тој наведе дека секогаш се трудел беспрекорно да го почитува уставно-правниот систем на Црна Гора.

„Јас сум човек кој подолго од 30 години врши јавни функции во државата Црна Гора. Како што знаете, сите тие 30 години имав остра конкуренција, и, би кажал, често непримерна критика од страна на таа конкуренција. Многу често обвинувања против мене доаѓаа од други, главно регионални, адреси, најчесто од Белград, но и од страна на просрпската опозиција во Црна Гора. Значи, не се плашам, поради тоа што знам како работев и знам дека секогаш се трудев беспрекорно да го почитувам уставно-правниот систем на Црна Гора, така што мојот статус како граѓанин не зависи од тоа која политичка власт ќе биде во земјата“, наведе Ѓукановиќ.

Тој истакна дека во Црна Гора на 30 август не се случил никаков пораз, бидејќи по 30 години на власта ДПС заедно со коалициските партнери освоила еден мандат помалку од парламентарното мнозинство.

„Значи, можеме да кажеме дека не се случи никаков недостоинствен исход за проевропската политика во Црна Гора. Се случи, би кажал, нешто вообичаено за демократските општества“, истакна црногорскиот претседател.

Повтори и дека нема да се повлече од функцијата претседател на Црна Гора.

„Искористив нешто повеќе од две години од мандатот, и имам многу цврста намера својот мандат до крај да го искористам, во цел на доброто на државата на чие чело сум“, порача Ѓукановиќ.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе