Ѓукановиќ: На Цетиње се судрија два национализми

Претседателот на Црна Гора смета дека не го нарушил уставот и дека не придонел на тензиите на Цетиње околу устоличувањето на митрополитот на Српската православна црква, бидејќи, како што се прецизира, тој ден се судриле два екстремизми – „големосрпскиот национализам кој сега го користи СПЦ како единствена прекугранична инфраструктура во Црна Гора“ и црногорскиот национализам, кој сака да се спротивстави, или на некој начин да се носи со големосрпскиот национализам.

EPA-EFE

Ѓукановиќ за Војс оф Америка кажа дека таа теза е „навистина погрешна и дека тој се обидува да воспостави некаква, би кажал непостоечка симетрија“.

„Отсекогаш тврдам дека Црна Гора не може и не треба да се спротивставува на ниту еден големодржавен национализам со свој национализам“, кажа Ѓукановиќ.

Тој смета дека Црна Гора на секој национализам „мора да му се спротивстави со граѓанскиот концепт на своето општество што секогаш сме го правеле“.

„Тврд заговорник сум на таквата државна политика на Црна Гора. Во овој конкретен случај навистина станува збор за тоа дека големосрпскиот национализам, по нашето уверување, се обиде со злоупотреба на Српската православна црква на Цетиње да ја изврши завршната цел на понижување на црногорската престолнина и понижувањето на сите луѓе кои се врзани за црногорскиот национален, културен и верски идентитет“, кажа Ѓукановиќ.

Според него, местото на претседателот на државата е таму каде што се бранат тие вредности.

На прашањето дали смета дека на некој начин го прекршил уставот со тоа што повикал да се премести устоличувањето, Ѓукановиќ тврди дека е со уставот дефинирана процедура.

„Доколку уставниот суд одлучи дека не е прекршен уставот, тогаш парламентот нема да има повеќе право да суди по тоа прашање. Условот да бидам отповикан е уставниот суд да оцени дека претседателот на државата го прекршил уставот“, кажа Ѓукановиќ и додаде:

„Моето уверување е дека не го прекршив уставот. Мое уверување е дека како претседател на државата апсолутно имам право јасно да ги соопштувам своите ставови за одредени прашања, без оглед на одвоеноста на државата и црквата“.

Сметал дека е рационално устоличувањето да се премести од Цетиње, но за жал тоа не се случи.

„Тоа само го потврдува тоа што го кажав – дека целта не е устоличувањето туку демонстрација на сила во однос на црногорската престолнина како симбол на црногорскиот идентитет“, кажа Ѓукановиќ.

 

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Зголемувањето на цените на храната се случува од причини кои се многу посложени отколку зголемувањето на другите цени, така што справувањето со тие причини бара различни стратегии. 

повеќе

Оние кои што најмногу сакаат карикатури засновани на црн хумор, имале највисоки мерки на вербалните и невербалните тестови на интелигенција, односно потребна е извесна интелигенција, добро расположение и смиреност да се препознае и ужива во црниот хумор, покажуваат истражувањата.

повеќе

Засега нема причина за паника, но треба внимателно да му пристапиме на наративот дека омикрон предизвикува лесна форма на КОВИД-19 која побрзо ќе доведе до крај на пандемијата.

повеќе