Ѓукановиќ ја презеде должноста: Од провинција на Србија станавме развиена држава

Мило Ѓукановиќ денес официјално се заколна на должноста претседател на свечена седница на црногорското собрание на Цетиње и во говорот истакна дека Црна Гора наместо провинција на Србија стана економски најразвиената држава од Западниот Балкан.

56-годишниот Ѓукановиќ по заклетвата порача дека на функцијата претседател на Црна Гора стапува со чувство на чест и одговорност, горд на досегашните остварувања.

„Од опцијата да бидеме провинција на проширена Србија, која ни се нудеше како алтернатива на претседателските избори во 1997 година, Црна Гора во меѓувреме стана економски најразвиената земја на Западниот Балкан, лидер во реформите и преговорите со Европската Унија и најверојатно првата следна членка на тој сојуз“, кажа тој.

Ѓукановиќ на инаугурацијата вети дека ќе биде многу активен во напорите да придонесе на надминување на поделбите во Црна Гора на здрава платформа и афирмација на црногорската држава и нејзините национални интереси.

„Ќе вложам напори да ги обединам политичкуте субјекти и цивилниот сектор, сите општествени сили околу проектот на модерна Црна Гора во рамки на НАТО и Европската Унија“, истакна тој.

Најави и „бескомпромисна борба“ против криминалот и корупцијата.

Ѓукановиќ надмоќно победи на претседателските избори во април освојувајќи над 54 отсто од гласовите, повеќе од 20 отсто повеќе од второпласираниот Младен Бојаниќ, кандидатот на поголемиот дел од опозицијата, кој имаше поддршка од 33,24 отсто од гласачите.

Ова е втор претседателски мандат на Ѓукановиќ, а првиот беше од 1998 до 2002 година.

Беше премиер дури седум пати. Досега двапати се повлекуваше од премиерската позиција, но двата пати тоа траеше само две години, по што повторно се враќаше на функција.

За претседател на црногорската влада Ѓукановиќ првпат беше избран на 15 февруари 1991 година, на својот 29 роденден, и тогаш беше најмладиот европски премиер.

Храбрите лидери можат да успеат со порака за надеж, отвореност и инклузивност и со промовирање на визија за напредок заснована на веродостојни реформи.

повеќе

Кога панаѓурот ќе помине, и кога наредното утро ќе се погледнете во огледало – сите работи што ве прават незадоволни од самите себеси и понатаму ќе бидат видливи: и изгледот, и навиките, и карактерот... Само идентитетот ќе ви го нема.

повеќе

Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција, доколку биде ратификуван, ќе влезе во аналите на историјата на дипломатијата.

повеќе