„Дополнителен ризик претставува вооружувањето на Балканот. Генерално тоа нè загрижува, а во овој случај станува збор за продолжена тенденција на вооружување на Србија од земји кои се не само конкуренти, туку и непријатели на членките на НАТО“, кажа Ѓукановиќ.
Пендаровски, од друга страна, кажа дека Македонија е членка на НАТО, но дека нема проценка дека Србија е безбедносна закана.
На изјавата на Ѓукановиќ реагираше министерот за внатрешни работи на Србија Александар Вулин, кој порача дека Црна Гора „не е предмет на воено интересирање на Србија, но дека е предмет на полициско интересирање и на Србија и на Интерпол и на Европол“.
„Ако Србија сака да ѝ наштети на Црна Гора по триесетте години командување на војската од страна на Мило, не би ни требале ни руски, ни кинески системи, би била доволно коњица и тоа полициска, за разбивање немири, воопшто да не го вознемируваме воениот коњички вод“, кажа Вулин.