Ѓукановиќ: Драматиката околу настаните на Цетиње ја создава политичката злоупотреба на верата

Драматиката на настаните на Цетиње не ја создава верското, туку политичкото прашање и злоупотребата на верата во политички цели, изјави претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ за време на средбата со апостолскиот нунциј Луиџи Пецуто, искажувајќи голема желба папата Франциско да ја посети Црна Гора, јави РТЦГ.

EPA-EFE

Ѓукановиќ ја истакна загриженост поради, како што кажа, обновената ретроградна идеја во регионот и истакна дека Црна Гора мора да се брани, со полна свест дека е најважно да се зачуваат мирот, стабилноста, меѓуетничките и меѓуверските односи и оцени дека тоа се „најголемите придобивки на модерна Црна Гора, одбранети во последните 30 години искушенија, за време на кои Црна Гора беше прибежиште за припадници на разни вери и нации“.

Ѓукановиќ, како што соопшти неговиот кабинет, искажал висока почит за моралниот и духовен углед на Светиот престол во светот и благодарност за поддршката која папата Франциско во неколку наврати ѝ ја упатил на Црна Гора и порачал дека се надева дека папата ќе ја посети Црна Гора, кога тоа ќе биде можно, зависно од развојот на пандемијата.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе