Ѓоковиќ купи данска фирма што развива лек против ковид

Новак Ѓоковиќ купи 80 отсто удел во данската компанија Квантбиорес, која развива лек против ковид-19, потврди генералниот директор на компанијата Иван Лончаревиќ за Ројтерс.

Фото: ЕПА

Според податоците на данскиот економски регистар, Јелена и Новак Ѓоковиќ се реални сопственици на данската компанија од 3 јули 2020 година. Уделот на Јелена во сопственоста е 39,2 отсто, а на Новак 40,8 отсто.

Директорот на компанијата Иван Лончаревиќ рече дека инвестицијата е реализирана во јули 2020 година, но одби да каже колкава била нејзината вредност, пишува Ројтерс. Квантбиорес вработува 11 научници во Данска, Австралија и Словенија, а примарната цел ѝ е да развие лек за ковид, а не вакцина, рече Лончаревиќ.

Компанијата развива пептид што спречува коронавирусот да ги заразува човечките клетки и очекува клиничкото тестирање да почне во Велика Британија ова лето, рече Лончаревиќ.

Портпаролот на Ѓоковиќ не одговори на барањето за коментар, објави Ројтерс.

Новак Ѓоковиќ не беше вакциниран против ковид, деновиве беше депортиран од Австралија и не можеше да настапи на Австралија опен.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе