„Ова не се мои хулигани, ова е одговор на граѓаните“

Ѓилас: Вучиќ, ти се случува народ. Лажеш, се закануваш, малтретираш, нѐ правиш будали, но не за долго

Претседателот на Партијата на слободата и правдата на Србија Драган Ѓилас изјави дека власта може да го обвинува дека е одговорен за демонстрациите кои се случуваат во центарот на Белград и дека актуелните настани се „одговор на граѓаните“.

EPA-EFE

„Само една порака. Александар Вучиќ ти се случува народ. Лажеш, се закануваш, малтретираш, нѐ правиш будали, но не за долго. Ниедна диктатура не трае вечно. Обвини ме мене уште милион пати. Џабе ти е. Не се ова мои хулигани. Ова е одговорот на граѓаните кои од срце ти кажуваат доста“, напиша Ѓилас на Твитер.

Повеќе претставници на владејачката Српска напредна партија (СНС) во соопштенија ја обвинија опозицијата за организирање на демонстрациите, а потпретседателката на главниот одбор на СНС Марија Обрадовиќ директно го обвини Ѓилас.

Во Белград синоќа избија немири откако претседателот на Србија Александар Вучиќ најави дека ќе биде воведена вонредна состојба во Белград, а можеби и во други градови на Србија.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе