Гибралтар го одби новото барање на САД за запленување на иранскиот танкер

Гибралтар го одби новото барање на САД за одземање на танкерот Грејс 1, кој беше преименуван во Адријан Дарја 1. Бродот се очекува вечерва да отплови од Гибралтар.

Британската прекуокеанска територија го отфрли барањето од петокот од федералниот суд во Вашингтон да се заплени супертанкерот, нафтата што ја носеше и скоро 1 милион американски долари пронајдени на него.

Барањето на САД беше спротивно на законот на ЕУ според кој власта е во рацете на Гибралтар и доведе до „разлики во режимот на санкции што се применуваат за Иран во ЕУ и во САД“, се вели во денешното соопштение.

„Режимот на санкции на ЕУ против Иран, кој е применлив во Гибралтар, е многу потесен од оној што се применува во САД“, објасни тој.

Вашингтон вторпат во една недела се обиде да го спречи Грејс 1 да замине од Гибралтар. Во четвртокот, Министерството за правда се обиде во последен момент да го заплени танкерот за нафта, поднесувајќи го потребното формално барање само неколку часа пред тој да добие дозвола да отплови.

Минхенската безбедносна конференција, која со децении служеше како силен симбол на силата на западното сојузништво, оваа година покажа дека јазот меѓу сојузниците е поголем од кога и да е.

повеќе

Време е да се почне да се размислува што може да значи тоа.

повеќе

Ако сте скијач или бордер, зима, планина, снег, сонце и чист воздух веднаш ве асоцираат на авантура и хедонизам. Физичка активност, радост и умствено опуштање.

повеќе