Револуција во СПД

Германските социјалдемократи избраа лидери што се остри критичари на коалицијата со Меркел

Острите критичари на коалицијата со конзервативците на канцеларката Ангела Меркел во саботата победија на гласањето за раководството на Социјалдемократската партија на Германија, отворајќи големи прашања за иднината на владата.

СПД соопшти дека левичарите Норберт Валтер-Борјанс и Саскија Ескен, кои се кандидираа на заедничко ливче, освоиле 53,06% од гласовите на членовите. Тие сакаат повторно да преговараат за коалицискиот договор и повеќе да се фокусираат на социјалната правда, инвестициите и климатските политики.

Сепак, изгледите за предвремени избори или малцинска влада се зголемија бидејќи конзервативците на Меркел може да одбијат да соработуваат дури и ако сакаат да останат на власт.

СПД, најстарата германска партија, доживува превирања по неуспешните резултати од регионалните и европските избори и шестмесечната лидерска трка што ги уназади на избирачките ливчиња.

Многу членови од среден ранг својот единствен спас го гледаат во напуштање на владата и повторен почеток како опозиција.

Левичарското дуо ги победи министерот за финансии Олаф Шолц и Клара Гејвиц, кои рекоа дека ќе ги поддржат своите ривали, откако освоија само 45,33 проценти од гласовите.

Резултатот е тежок удар за Шолц, најпознатиот кандидат, за кој медиумите објавија дека има намера да остане министер за финансии.

По нивната ненадејна победа, Валтер-Борјанс, поранешен министер за финансии во најнаселената германска држава, Северна Рајна-Вестфалија, и Ескен, пратеничка во долниот дом на парламентот на Бундестагот, ветија дека ќе се обидат повторно да ја обединат партијата.

Волтер-Борјанс, кој доби репутација на „Робин Худ“ затоа што ги раскринка даночните затајувачи со банкарски сметки во Швајцарија, истакна дека СПД нема веднаш да ја отфрли коалицијата.

„Отсекогаш велевме дека ова не се однесува само на тоа дали ќе заминеме веднаш или ќе останеме некое време“, рече тој за телевизијата Феникс, додавајќи дека има намера да види кои политики ќе може да се спроведуваат со партијата на Меркел, а кои не.

Дуото нагласи дека сака конзервативците да се согласат на повисока минимална плата и поголеми инвестиции во инфраструктурата и заштитата на климата - ако треба и со нов долг.

Генералниот секретар на Меркеловите Христијански демократи (ЦДУ) рече дека неговата партија сака да работи со новите водачи на СПД и дека партиите веќе имаат заедничка основа за работа.

Предвремените избори се непосакувана опција за СПД и за конзервативците, кои и самите се вплеткани во борба за моќ во пост-Меркел ерата, бидејќи обете партии ја губеа поддршката од изборите во 2017 година. По 14 години раководење на најголемата економија во Европа, Меркел рече дека нема повторно да се кандидира.

Не е јасно колку далеку конзервативците ќе бидат подготвени да ѝ удоволуваат на СПД. Во лидерската кампања, Ескен рече дека доколку конзервативците одбијат да се согласат со барањата на СПД, таа ќе препорача СПД да ја напушти коалицијата.

Делегатите на СПД треба да го одобрат раководството на партиската конференција, која почнува на 6 декември. Тие ќе гласаат и за коалицијата.

Победникот ќе се соочи со огромна задача. Во 2017 година, уделот на гласовите на СПД се спушти на најниско ниво од 1933 година. Сега тоа е околу 15 проценти на анкетите, заостанувајќи зад Зелените и конзервативците и само нешто пред екстремно десничарската Алтернатива за Германија (АфД).

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе

Потребно е неодложно формирање на државен фонд кој ќе овозможи во прв момент преживување во оваа ситуација...

повеќе