Германските плажи преполни за викендот, Меркел загрижена

Некои плажи на германскиот брег на Балтичко Море за време на викендот биле толку полни што никој веќе не можел да влезе. Приморските места бележат наплив на туристи кои решиле да летуваат во татковината. Канцеларката Ангела Меркел е загрижена.

Screenshot

За време на викендот, убавото време привлекло толку многу туристи на плажите на Балтичко Море, што некои места, како што се Шарбојц и Хафкруг, објавија дека нивните плажи се исполнети до последно место. Бројот на посетители е ограничен заради правилата на социјална дистанца.

„Гостите кои пристигнуваат ги упатуваме само да пројдат низ нашето место“, напиша Бетина Шефер, градоначалничка на Шарбојц, мал град на петнаесетина километри северно од Лубек.

За време на викендот, плажите и паркинзите биле полни, а само локалното население и туристите со резервации во хотели и станови можеле да влезат во местото. Овој сончев викенд се совпаднал со почетокот на летните училишни одмори во шест германски покраини.

Дури и таму каде што има место на плажите на Балтичко и Северно Море, некои туристи не можат воопшто да дојдат. Имено, голем број покраини издадоа уредби според кои граѓаните од регионите, особено погодени од короната, можат да престојуваат во хотели само доколку имаат неодамнешен негативен тест за вирусот.

Во последните неколку дена, со тоа се погодени повеќе од 600.000 луѓе од Гистерло и Варендорф, две општини во западна Германија, откако во најголемата европска кланица избувна жариште на коронавирус. Во двата окрузи се вратени остри мерки, а фабриката за месо Тонис се најде на мета на остри критики поради очајните услови во кои живеат и работат претежно дојденци од Балканот.

Опасноста нималку не е помината, предупреди во саботата канцеларката Ангела Меркел.

„Сватете го ова сериозно затоа што е сериозно“, е нејзината порака до граѓаните.

Легенда под Главна слика

Screenshot

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе