Богаташите стравуваат од победа на левицата

Германските милионери го селат имотот во Швајцарија

Можното вртење на лево на денешните избори во Германија ги поттикна милионерите да ги префрлат имотите во Швајцарија, велат банкарите и даночните адвокати.

EPA-EFE

Ако на власт дојдат социјалдемократите од левиот центар СПД, ултралевичарската партија Левица и еколошката Зелени, повторното воведување данок на богатство и зголемување на данокот за наследство би можеле да се најдат на политичкиот дневен ред.

„Претприемачките семејства се под силна тревога“, кажа за Ројтерс даночен адвокат од Германија ангажиран на бројни швајцарски операции.

Овој потег покажува колку богаташите сè уште ја гледаат Швајцарија како атрактивно место за чување на богатството, и покрај нејзините напори да се ослободи од имиџот на безбедно засолниште на милијардерите, наведува британската агенција.

Ниедна држава нема повеќе офшор имот од Швајцарија, а приливот е забрзан во 2020, во корист на банките како УБС, Креди суис и Јулис Баер. Геополитичките тензии и стравот од економските последици на пандемијата на ковид-19 ја направија привлечна политичката стабилност на Швајцарија.

Депозитите на германските домаќинства и компании во банките во Швајцарија пораснале за речиси пет милијарди долари, на 37,5 милијарди, во првиот квартал на 2021, при што тука не се вклучени акциите, обврзниците или финансиските производи, наведува Ројтерс.

Понови податоци не се достапни, но упатени тврдат дека приливот продолжил.

„Многу богати луѓе, особено претприемачите, стравуваат дека ќе дојде до свртување во лево без оглед на исходот на изборите“, вели Флоријан Дреселен од швајцарската ЛГТ банка.

Еден угледен банкар вели: „Знам некои германски претприемачи кои сакаат да имаат упориште надвор од Германија ако ситуацијата таму стане премногу црвена (левичарска)“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе