Германскиот шеф на дипломатијата: Светскиот поредок на кој навикнавме повеќе не постои

По овогодинешниот самит на Г7 едно нешто стана јасно – светските сили му го вртат грбот на Трамп, а разликите меѓу политиките на Европската Унија и САД се сѐ поголеми.

Во деновите по самитот на Г7, но и историската средба на Трамп со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, тие разлики се сѐ појасни, но и европските политичари сѐ погласно ги артикулираат.

„Европа мора да најде нова рамнотежа во односот со Соединетите Држави во светлото на предизвиците кои ги носи владата на американскиот претседател Доналд Трамп“, кажа денес германскиот министер за надворешни работи Хеико Мас.

Тоа се предизвиците како напуштањето на климатскиот договор од Париз и нуклеарниот договор со Иран, заканите со занкции против европските партнери, како и протекционизмот.

„Ние Европејците мора да дејствуваме како свесна контратежа кога САД ќе ја пречекорат црвената линија“, истакна германскиот министер во говорот во Берлин за идната германска европска политика.

Мас во говорот го даде најсилниот сигнал досега дека Германија своето 70-годишно пријателство со САД повеќе не го гледа како безусловно.

Како предизвици за Европа ги наведе, покрај САД, и Русија и Кина.

„Трамповата егоистична политика „Америка прва“, руските напади врз меѓународното право и државниот суверенитет и експанзијата на џиновската Кина: светскиот поредок на кој навикнавме повеќе не постои“, истакна тој.

„Кога американската влада агресивно ги преиспитува нашите вредности и интереси, мора да делуваме поцврсто“.

Мас смета дека Европската Унија треба да осмисли и стратегија за сѐ посилната економска и политичка улога на Кина.

Тој го поддржа францускиот предлог за создавање европски сили за воени интервенции и истакна дека во нив треба да се покани и Велика Британија, дури и откако ќе ја напушти ЕУ.

Мас смета дека постојат сѐ посилни знаци на британската нервоза поради изолацијата во несигурната меѓународна средина, но кажа дека не гледа индиции дека Лондон ќе ја преразгледа својата одлука за напуштање на блокот. „Мислам дека Британците сфатија дека САД се менуваат, не се повеќе блиски како претходно... Но сега повеќе нема да бидат ни членка на ЕУ“.

Новинарите на хрватски ТРИС се приклучија во патувачкиот новинарски карван до земјата без име.

повеќе

Лидерството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ мора да излезе јавно, на прес конференција, заедно со сите пратеници, и да објават прекин на секакво понатамошно учество во дискусија на собраниската седница.

повеќе

Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени има меѓу дипломираните правници, економисти, професори по одделенска настава на македонски и албански јазик и социјални работници. 

повеќе