Франк-Волтер Штајнмаер

Германскиот претседател: Не смееме Русија да ја нарекуваме непријател, многу работи се доведуваат во ризик

Претседателот на Германија, Франк-Волтер Штајнмаер, предупреди дека не треба да се демонизира Русија, потсетувајќи дека Германија поради историјата има посебна улога во одржувањето на дијалогот со Москва.

Во интервјуто објавено во неделата во неделникот Билд ам зонтаг Штајнмаер изрази загриженост во врска со саботниот напад на САД, Велика Британија и Франција во Сирија, кој, според него, првпат сериозно го зголемил ризикот од директен судир меѓу руските и американските воени сили.

„Ова е уште еден чекор во ескалацијата на односите меѓу Русија и САД“, изјави Штајнмаер, кој должноста министер за надворешни работи на Германија ја вршеше два пати.

Воздушните напади врз Сирија, чија цел беше уништување на наводните сириски објекти за хемиско оружје, уште повеќе ги зголемија тензиите меѓу Западот и Москва. Тензијата меѓу двете земји е на едно ново ниво во постстуденовоениот период по протерувањето на повеќе од 130 руски дипломати во знак на одмазда за нападот врз руски шпион во Велика Британија, за кој Западот ја обвини Русија.

Сирискиот режим негира дека употребил хемиско оружје против цивили, а Русија негира дека стои зад нападот со нервен агенс врз поранешен руски агент и неговата ќерка.

Штајнмаер вели дека доказите јасно предупредуваат на руска вмешаност, која „е алармантна“, но притоа додава: „И галопирачкото оддалечување меѓу Русија и Западот треба да нè загрижи, поради последиците што далеку го надминуваат овој случај. Всушност, исчезна темелот за каков било вид заемна доверба.“

Штајнмаер ги повика германските политичари да ја остават отворена вратата за дијалог со Русија и да избегнуваат да ги нарекуваат Русија и нејзиниот народ непријатели.

„Без оглед на рускиот претседател Путин, не можеме цела Русија, целата земја и нејзиниот народ да ги прогласуваме за непријатели. Историја зборува против таквиот став и многу работи се доведуваат во ризик“, рече германскиот претседател.

Операциите направени кај повеќето интерсексуални новороденчиња е од козметички причини.

повеќе

Внимателноста во водењето на преговорите за името и изјавите околу нив сега е повеќе од нужна.

повеќе

Во најсеверните делови на грчките региони Западна и Централна Македонија, сите народни ора се инструментални песни. Традиционалните песни во овие региони некогаш имаа зборови - но тие беа на јазик што грчката држава речиси еден век се обидува да го избрише: македонскиот словенски, вели Петрос Карацареас, лектор по англиски јазик и лингвистика на Универзитетот на Вестминстер, Велика Британија.

повеќе