„Секоја година светот се одалечува од меѓународната соработка“

Германскиот претседател ја критикуваше Америка на Трамп

Германскиот претседател Франк Валтер Штајнмаер ја критикуваше денес националната себичност на актуелната американска администрација, оценувајќи дека тоа придонело на повторниот натпревар меѓу големите сили, со што светот е помалку безбеден.

„Нашиот главен сојузник САД ја одбива под сегашната администрација самата замисла за меѓународна заедница“, кажа Штајнмаер во воведниот говор на годишната Безбедносна конференција во Минхен.

Германскиот претседател кажа дека земјите се повикуваат своите интереси да ги стават над другите, дури и на штета на соседите и партнерите. Штајмаер алудираше на слоганот на американскиот претседател Доналд Трамп „Направете ја Америка повторно голема“.

„Денес сме сведоци на сѐ подеструктивна динамика во светската политика“, кажа германскиот претседател кој нема извршна власт, но се смета за гласот на моралната совест на земјата.

Според него, секоја година светот сѐ повеќе се одалечува од целта на меѓународна соработка.

„Замислата за натпреварување на големите сили ја тресе реалноста на целата планета“, додаде Штајнмаер, чија земја е сѐ позагрижена поради разните американски мерки на повлекување, особено откако Трамп дојде на власт.

Германија од крајот на Втората светска војна зависи од американската војска што се однесува на одбраната.

Трамп, од своја страна, не престанува да ја обвинува Германија, првата економска сила во Европа, дека не издвојува доволно пари за воениот сектор, сметајќи дека земјата се однесува како „паразит“ на американската војска.

Во Минхен деенс почна Безбедносната конференција со учество на 35 шефови на држави и влади, стотина министри за надворешни работи и одбрана и претставници на меѓународните организации.

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе