Германски Велт: Се врати стравот од коронавирусот, Србија ја става сезоната во Хрватска под прашалник

Конзервативниот германски весник Велт пишува дека „Европа со страв гледа кон исток, бидејќи на западниот Балкан расте бројот на заразени“, особено се издвојува Србија и се поставува прашањето „сали одморот во Хрватска е во опасност“. Со насловот на текстот кој го потпишува уредникот на надворешнополитичката редакција на Велт Јенс Вигман, „Србија и големиот страв од нов Ишгл во Европа“ се реферира на австрискиот ски-центар кој беше расадник на коронавирусот на почетокот на пандемијата.

EPA-EFE

Се истакнува дека Хрватска е омиленото летно одредиште на Германците, но дека е прашање што ќе се случи со туристичката сезона, особено поради наглиот пораст на заразените.

„Први јули туристите и целата туристичка бранша во Европа го дочекаа со голема надеж, на тој датум Европската Унија требаше да ги укине сите ограничувања меѓу членките, како и мерките за патниците од 15 трети држави“, пишува Велт на почетокот за потоа да констатира дека „само седум дена подоцна се врати стравот од пандемијата“.

„Во повеќе земји на западниот Балкан бројот на заразените скокна толку брзо што туристичката сезона во Хрватска, омилена меѓу германските туристи, сега е под прашање“, наведува весникот.

Портпаролот на хрватската влада Марко Милиќ изјави дека „Хрватска прави сѐ за да ја задржи добрата ситуација во земјата“ и дека ќе се воведат нови мерки на границите. Не е прецизирано за што станува збор. „Епидемиолошката ситуација секојдневно се контролира“, истакна Милиќ.

Велт потсетува дека во Хрватска во моментов има околу половина милион странски туристи. Предупредува дека ново жариште на коронавирусот може да се создаде на надворешната граница на ЕУ, во државите како Македонија, БиХ, Албанија и, особено, Србија. Се наведува дека српскиот претседател Александар Вучиќ прво воведе строги мерки, а потоа дозволи и одржување на фудбалското дерби во Белград со 20.000 навивачи во публика. Се доведуваат во прашање и официјалните бројки на заразени и умрени од коорнавирусот во Србија.

„Во вторникот претседателот ненадејно објави нови заострени мерки и воведување полициски час од петок до понеделник. Потоа илјадници Срби излегоа на улиците и протестираа пред српското собрание повикувајќи го Вучиќ на оставка“, пишува Велт.

Вучиќ потоа ја повлече одлуката за полициски час, но бројот на заразени во Србија продолжува да расте, што може да влијае врз туристичката сезона во Хрватска, смета германскиот весник.

„Хрватска добро ќе внимава нејзиното успешно минување низ првата фаза на пандемијата да не биде загрозено од состојбата во соседната држава“, заклучува Велт.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе