Германски велт: Русија сака воена база во Република Српска

Русија сака воена база во Република Српска. НАТО првенствено смета на Албанија, Косово и Хрватска, пишува Велт.

Русија на Србија ѝ испорача триесетина оклопни возила БРДМ-2 и модернизирани тенкови Т-72, јавува дописникот на Велт, Борис Калноки, кој тоа го смета за опасно. „Србија се потпира на Русија, земја која во Украина покажа решителност преку вооружено насилство да ја прошири својата зона на влијание“, наведува тој.

Тој забележува дека Србија, како руски сојузник, за време на диктаторот Слободан Милошевиќ водела војни против Хрватска и Косово, а во босанската војна им помагала на тамошните Срби.

„Особено заканувачка звучи најавата од српската влада дека ќе го нападне Косово ако покрене своја војска. Приштинскиот парламент минатиот декември донесе одлука за формирање војска, што е причината за српското вооружување“, се неведува.

Поновите членки на ЕУ спроведуваат модернизација на застарената воена опрема, а особено се истакнува примерот на Полска.

Варшава го подигна воениот буџет на 12 милијарди долари годишно и е една од ретките членки на НАТО која издвојува два проценти од БДП за одбрана.

Воените буџети на Унгарија и Романија драстично се зголемени, а Хрватска сака што поскоро да ги купи американските авиони Ф-16 за да ги замени застарените МИГ 21.

Во текстот се наведува дека Србите се економски послаби од членките на ЕУ во регионот и од таа причина Москва практично им поклонува оружје по цена од 185 милиони долари.

„Србија, исто така, добива шест борбени авиони од типот МИГ 29, Белорусија даде осум од нив, а последната достава беше во февруари годинава. Кога модернизацијата ќе заврши, Србија ќе ги има најсилните воздушни сили во регионот“, пишува Калноки.

Исто така, се наведува дека оваа трка за вооружување е поврзана со политички конфликти. Во Србија за царинската унија на Албанија и Косово се зборува како за обид за создавање „Голема Албанија“.

Спомената е и заедничката идеја на српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот претседател Хашим Тачи за т.н. размена на територии. „Ова би можело да доведе до домино ефект - да речеме, поделба на БиХ со анексија на нејзините српски и хрватски делови кон матичните земји Србија и Хрватска, па дури и до распад на Македонија, каде што живеат многу Албанци“, наведува Велт.

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе