Германски суд: Доживотен затвор за припадник на тајната полиција на Асад

Вишиот покраински суд во германскиот град Кобленз во четвртокот го осуди сирискиот државјанин Анвар Раслан на доживотен затвор за учество во тортура и убивање политички затвореници, што е прв случај на член на режимот на Башар ал Асад.

Фото: Пиксабеј

„Судот смета дека е докажано дека Анвар Раслан, како вработен во Сириската тајна служба, бил задолжен за испрашување затвореници, мачел најмалку 4.000 политички затвореници. Притоа животот го загубија најмалку 27 лица“, се вели во образложението на судот во Кобленз.

Вишиот покраински суд го осуди 58-годишниот Раслан за злосторства против човештвото и го осуди на доживотен затвор. Обвинетиот ги негираше сите обвиненија, а неговата одбрана побара ослободителна пресуда.

„Затвореникот е осуден на доживотен затвор за убиство, тортура, тешко лишување од слобода, силување и сексуален напад“, се вели во соопштението на Вишиот покраински суд.

Анвар Раслан како бегалец во екот на бегалскиот бран 2015/2016 година пристигнал во Германија, но во 2019 година бил препознаен на улиците на Берлин од поранешни затвореници.

Делата за кои е осуден Раслан се случиле во периодот од 2011 до 2012 година и за нив има сведоци. За време на судењето, кое почна во април 2020 година, пред судот сведочеа повеќе од 80 сведоци.

Пресудата сѐ уште не е правосилна. Државното правобранителство побарало доживотна затворска казна со дополнителни безбедносни мерки, што речиси го исклучува пуштањето на слобода по 15 години затвор, според германските закони.

Судењето во Кобленз го привлече светското внимание бидејќи е прво судење за злосторства извршени во друга земја според меѓународното право.

Организациите за човекови права ја окарактеризираа денешната пресуда како историска.

„Оваа судска одлука е значаен сигнал во глобалната борба против неказнивоста“, соопшти по пресудата германскиот разгранок на Амнести интернешнел.

„И покрај сите недостатоци на меѓународното кривично правосудство, осудувањето на Анвар Р. покажува што може да постигне принципот на универзална јурисдикција и дека таквите судења се всушност изводливи во Германија и Европа“, рече Волфганг Калецк, генерален секретар на независната група за човекови права на Европската Унија, Центарот за уставни и човекови права.

Хјуман рајтс воч го опиша тоа како „одлучувачки момент за оние што преживеале тортура во Сирија“.

Се верува дека судењето би можело да биде преседан за идните судења на сириските службеници за злосторства извршени за време на граѓанската војна.

Легенда под Главна слика

Фото: Пиксабеј

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе