„Хрватите секогаш биле предавници меѓу Словените“

Германски Шпигл за хрватскиот скандал во Русија: „Не може без омраза“ (ВИДЕО)

Инцидентот кој по победата на хрватската фудбалска репрезентација над Русија го предизвика фудбалерот Домагој Вида, објавувајќи видео во кое победата ѝ ја посвети на Украина, стана политичка вест во германските медиуми.

За тоа известува и Шпигл во своето електронско издание, и тоа во политичката рубрика. Написот со наслов „Очигледно не може без омраза“ однесувањето на Домагој Вида го опишува како „иритантно“, и дека со контроверзното видео во Русија предизвикал „разичарување и омраза“. Германскиот весник потсетува дека извикот „Слава Украини“, кој го изговори Вида, бил поздрав на украинските нацисти, кој повторно стана популарен за време на протестите во Киев во 2014, додека во Русија е нормално негативно толкуван.

Со Вида во видеото е и членот на стручниот штаб на хрватската репрезентација Огњен Вукојевиќ, кој на руски кажа дека победата ѝ ја посветува на Украина и својот поранешен клуб, киевски Динамо.

Во Русија ова е препознаено како политички гест од хрватска страна, пишува Шпигл и потсетува дека односите меѓу Русија и Украина веќе неколку години наназад се исклучително напнати поради „украинската анексија на Крим и поддршката на сепаратистите“.

Се додава и дека во Русија не изостанале реакции на провокацијата од Вида и Вукојевиќ, па во една емисија изјавиле дека „Хрватите секогаш биле предавници меѓу Словените“ поради сојузот на НДХ и Хитлерова Германија во Втората светска војна.. Видеото на Вида го критикуваа и руските коментатори кои инаку имаат симпатии за Хрватска.

Сѐ на сѐ, оценува германскиот весник, непромислениот гест на хрватскиот фудбалер се претвори во политички скандал кој воопшто не требаше да се случи.

Се прашувам дали градоначалникот на Охрид знаел дека „кланот" ќе додели јавно признание на вахабист.

повеќе

Македонија треба да започне со процесот на усвојување модел за правно признавање на родот со почитување на фундаменталните права и правото на личен и телесен интегритет на транс луѓето.

повеќе

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе