Германски премиер: „Коронавирусот не оди на одмор, поопасен е отколку што мислевме“

Премиерот на германската покраина Баварија, Маркус Седер изјави денеска дека коронавирусот станува поопасен од ден на ден.

EPA-EFE/FELIPE TRUEBA

На прес-конференција по седницата на провинциската влада во Нирнберг, Седер рече дека коронавирусот не оди на одмор, и дека пандемијата е мутирачки процес, па време е мерките соодветно да се прилгодат.

„Короната е многу поопасна отколку што мислевме досега“, истакна Седер и додаде дека е важно во наредните недели да се подигне свеста за тоа.

Тој се осврна пред се на оние што се враќаат од одмор, велејќи дека се надева дека одлуката за задолжително тестирање е навреме донесена.

„Проширувањето на списокот на земји со висок ризик мора да биде подинамичен отколку што беше во минатото“, рече баварскиот премиер.

Што се однесува до училиштата, тој вели дека доколку има случај на инфекција, тие многу брзо ќе бидат затворени.

„Одлучувачки период се првите две недели. Ќе имаме обврска да носиме маски во училниците“, истакна Седер.

Тој посочи дека во наредните недели ќе се одлучи дали маската ќе биде задолжителна и за време на часовите.

Тој се осврна и на фудбалските натпревари, велејќи дека е скептичен во врска со полни стадиони.

„Такво нешто не можам да замислам во моментов“, рече Седер, критикувајќи го одобрувањето на концерт во Дизелдорф, на кој се планира да присуствуваат 13.000 луѓе.

„Сметам дека таквата одлука е целосно неодговорна“, рече Седер за покраината Северна Рајна-Вестфалија, критикувајќи ги тамошните власти за поткопување на целосната стратегија за борба против коронавирусот.

„Вистинска опасност е, сепак, немарноста на приватните собири“, додаде Седер.

Тој рече дека сега е време земјата да се подготви за оние што се враќаат од одмор и училиштата кои треба да започнат со настава.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/FELIPE TRUEBA

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе