Германски пратеник: Американците се однесуваат како да сме нивна колонија, работиме на укинување на санкциите против Русија (ВИДЕО)

Само Соединетите Американски Држави, а не Германија или ЕУ, се заинтересирани за економските санкции против Русија, изјави шефот на одборот за енергетика на Будестагот, Клаус Ернст. Тој додаде дека германските пратеници разгледуваат начини за укинување на економските рестрикции, пренесува Раша тудеј.

Ернст ги обвини САД дека се однесуваат како Германија да е нивна колонија, додека Вашингтон се обидува да ги малтретира Европејците поради купувањето руски гас.

„Тие мерки не ги погодуваат само Русите, туку намерно целат на Европејците, на пример германските енергетски компании вклучени во Северен тек 2“, кажа тој на конференција за перспективите за енергетска соработка меѓу Русија и ЕУ во организација на Руското гасно здружение.

Американските функционери, вклучувајќи ги претседателот Доналд Трамп, државниот секретар Мајк Помпео и американскиот амбасадор во Берлин Ричард Гренел, се спротивставија на новиот руски гасовод Северен тек 2 кој треба да биде завршен годинава. Тие се заканија со санкции на европските компании ако продолжат да вложуваат во тој проект.

„Потезите на американскиот амбасадор во Германија се едноставно неприфатливи“, кажа Ернст. Според него, вистинската цел е Европската Унија да се натера да купува американски гас.

Зборувајќи за другите економски мерки против Русија, Ернст забележа дека американската страна е единствената која има корист од нив.

„Во моментов се расправа во одборот за економија на Будестагот како санкциите против Русија може да бидат укинати. Ни Германија ни Европа не се заинтересирани за овие санкции. Единствените на кои им одговараат овие санкции се Американците“, изјави шефот на одборот за енергетика на Бундестагот.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе