Германскиот министер за економија: Треба да се инвестира во Грција, а не тоа да го прави Кина

Германскиот министер за економија Питер Алтмајер ги повика денес германските компании да го засилат инвестирањето во Грција и економскиот ангажман да не ѝ го препуштаат на земји како што е Кина.

„Вреди да се инвестира во Грција, особено во области како што се обновливите извори на енергија. Инвестициите не треба да се препуштат на трети земји како што е Кина“, рече германскиот министер за економија и енергетика Питер Алтмајер на германско-грчкиот економски форум во Берлин.

Алтмајер посочи дека грчката економија по неколку години стагнација е во фаза на нагорна линија и дека тој процес би можел да се претвори во „успешна приказна“. „Денес, Грција има потенцијал да стане ‘нова успешна приказна’“, рече германскиот министер за економија.

Грција по финансиската криза од 2007-2008 година мораше да влезе во програмата за меѓународна финансиска помош и по три пакети помош, заврши со таа програма во август 2018 година.

Германската трговско- индустриска комора позитивно гледа на иднината на германските инвестиции во Грција.

„И германските компании кои за време на целата криза останаа во Грција, како и оние кои штотуку доаѓаат во Грција, се сретнуваат со поволни инвестициски можности“, рече претседателот на германската трговско- индустриска комора Ерик Швајцер за Германската новинска агенција.

Трговијата меѓу Грција и Германија, според информациите на Германската трговско- индустриска комора, минатата година се зголемила за шест проценти, и за прв пат од 2009 година ја надминала границата од осум милијарди евра.

Германската канцеларка Ангела Меркел и грчкиот премиер Киријакос Мицотакис исто така учествуваа на германско-грчкиот економски форум.

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе