Германски министер: Ситуацијата со Северен тек 2 не треба да се поврзува со Навални

Германскиот министер за економија и енергетика Петер Алтмаер изјави во интервју на медиумската група Функе дека го смета за погрешно поврзувањето на гасоводниот проект Северен тек 2 со ситуацијата околу Алексеј Навални и други поединечни случаи.

EPA-EFE

„Не би требало да го поврзуваме завршувањето на Северен тек 2 со случајот на Навални. Би требало да ја процениме и донесеме одлуката за изградбата и довршувањето на гасоводот независно од поединечните случаи“, кажа Алтмаер.

„Цели 50 години снабдувањето со гас никогаш не беше политичко оружје во односите меѓу Истокот и Западот. Тоа одеше во прилог на безбедноста на нашето снабдување со гас“, истакна тој.

„Мораме се многу внимателно да измериме пред евентуално да се поместиме од таа линија“, кажа министерот.

Алтмаер потсети дека одлуката за изградба на Северен тек 2 е донесена одамна.

„Властите на повеќе европски земји го одобрија проектот во согласност со законодавните процедури“, додаде.

Истовремено повика на обезбедување на почитувањето на интересите на Украина по завршувањето на гасоводот. Според него, „транзитот на гас низ Украина ќе продолжи по завршувањето на Северен тек 2“.

„Покрај тоа, благодарение на изградбата на терминалите за течен природен гас, ќе се погрижиме во секој момент да бидеме независни во снабдувањето од Русија, ако таа преземе политички притисок со гасот“, кажа Алтмаер.

Зборувајќи за ситуацијата со затворениот руски опозиционер Алексеј Навални, ја повика Русија „да се придржува до меѓународните стандарди на човековите права“.

„Најдобро би било негово моментално пуштање“, истакна Алмаер.

Осврнувајќи се на можноста за воведување нови санкции против Русија поради ситуацијата со Навални, кажа дека „одлуката за санкции треба да се донесе на ниво на цела ЕУ“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе