Германски министер предупреди на „суперсој“ на короната

Германскиот министер без ресор Хелгер Браун предупреди на опасноста од „суперсој“, кој би можел да биде имун на вакцините против коронавирусот.

Фото: ЕПА

Во интервју за Билд, Браун, кој по професија е доктор, оцени дека Германија во моментов е во најопасната фаза на пандемијата.

„За жал, сите стравови се обвистинија. Третиот бран има потенцијал да биде полош од првиот, затоа што е предизвикан од позаразна мутација. Следниве недели ќе покажат дали наскоро ќе можеме да ја ставиме пандемијата под контрола. Ако сега, паралелно со вакцинирањето, расте бројот на новозаразените, расте и опасноста следната мутација да биде имуна на вакцината“, објасни тој.

Раното олеснување на мерките може, вели тој, да ги загрози шансите за нормално лето.

Браун очекува дека состојбата ќе се подобри во мај, со напредокот во вакцинацијата и почетокот на потоплото годишно време.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Критики за тоа дека треба да се слушаат критики од членови, зошто е разрешен Стојко Пауновски, зошто Максим Димитриевски не е член на Централен одбор, беа искажани на последниот конгрес на СДСМ кој се одржа во неделата.

повеќе

Владите ширум светот имаат тенденција да ги следат своите национални интереси, наместо да следат глобално координиран пристап.

повеќе

СКСМ - комора на иднината, САП системите - иднина на македонскиот бизнис.

повеќе