Алтмаер за весникот Велт изјави дека не е можно да се укине блокадата ако во големи делови на Германија има повеќе од 50 заразени на 100.000 жители.
„Ни претстојат долги три до четири зимски месеци. Можно е ограничувањата да останат на сила уште во првите месеци од 2021 година“, додаде тој.
Канцеларката Ангела Меркел во средата се согласи со лидерите на 16 германски сојузни држави дека мерките против ковид-19 ќе бидат продолжени барем до 20 декември, пишува Ројтерс.
Германија на почетокот на ноември ги затвори баровите, кафулињата и рестораните, но ги остави училиштата и продавниците отворени. Досега мерките го стопираа експоненцијалниот раст на случаите, но бројот на нови инфекции останува голем.
Во последните 24 часа, во Германија се пријавени 21.695 нови случаи на коронавирус.