Германски министер: Авганистан нема да добие ни цент ако талибанците воведат шеријатски закон

Германија нема да му дава финансиска поддршка на Авганистан ако талибанците по преземањето на таа држава го воведат шеријатскиот закон, изјави денес германскиот министер за надворешни работи.

EPA-EFE

„Им даваме 430 милиони евра секоја година, но нема да дадеме ни цент ако талибанците ја преземат државата и воведат шеријат“, кажа Хеико Мас за ЗДФ.

Авганистанските сили се борат против талибанците, кои освоија поголем дел од државата. Американските разузнавачи веруваат дека во следните 90 дена би можеле да ја освојат и престолнината Кабул.

Талибанците за шест дена освоија осум провинциски престолнини во Авганистан, со брзина која ги изненади американските власти.

Талибанците сега контролираат 65 отсто од авганистанската територија, а се закануваат со освојување уште 11 провинциски центри, кажа во вторникот европски дипломат.

Германската министерка за одбрана ги отфрли во понеделникот повиците германските војници да се вратат во Авганистан откако талибанците го зазедоа Кундуз, градот во кој германските трупи беа стационирани 10 години.

Германија го имаше најголемиот воен контингент во Авганистан по САД, а некои членови на конзервативната партија на министерката Анагрет Крамп Каренбауер бараат германските војници да учествуваат во интервенцијата против талибанците.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Радован Павловски (1935, Ниш, Србија) е водечко име на третатта генерација македонски писатели, која во нашата литература се појави во шеесеттите години на минатото столетие и внесе нов творечки дух со препознатлив национален белег.

повеќе

Во јавните високообразовни институции, научноистражувачката дејност е целосно маргинализирана под неопходниот минимум.

 

повеќе

Го потсетувам претседателот на државата дека уставниот рок за создавање на парламентарно мнозинство е 20 дена, а веќе 30 дена Владата нема парламентарно мнозинство.

повеќе