Германски министер ангажирал експерти да го заплашуваат народот

Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер ги прашал научниците кое е најлошото можно сценарио со кое би обезбедил „страв и послушност од граѓаните“.

EPA-EFE

Германски Велт објави дека германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер ангажирал научници за да го кренат нивото на страв од коронавирусот и така да ги контролираат ставовите на граѓаните кои можат да се спротивстават на радикалните епидемиолошки мерки или наметнатиот карантин. Велт своите тврдења ги заснова на преписка преку мејл.

Интригантната преписка преку електронска пошта датира од март и април 2020 година, кога Германија првпат беше во карантин. Зихофер бил загрижен поради прераното ублажување на мерките и му наложил на државниот секретар Маркус Кербер да направи план кој ќе овозможи спроведување на строгите епидемиолошки мерки. Кербер, од друга страна, испратил мејлови на адреси на неколку научници од универзитети и истражувачки институти и ги замолил да му ги напишат најлошите можно сценарија за да можат да имаат ментална и системска контрола над ситуацијата и мирно да ги планираат превентивните и репресивните мерки.

Научниците дале многу предлози, вклучувајќи такви кои укажуваат како да се обезбеди „страв и послушност на населението“. На пример, кампањата требало да вклучува слики од луѓе кои умираат борејќи се за воздух бидејќи нема доволно единици за интензивна нега.

Во преписката научниците меѓусебно разговарале за тоа кое ниво на смртност по инфекцијата со вирусот САРС-Ков-2 треба да се спомне. Сериозниот Институт Роберт Кох предложил 0,56 отсто, додека Институтот за истражување РВИ предложил дека треба да се разговара за 1,2 отсто. Двете бројки во постинфективната смртност во Германија се далеку поголеми од вистинските. Германските функционери заклучиле дека е подобро да се претстават полошите бројки, но на крајот двата податоци ги вклучиле во стратегискиот документ. Порачале дека без радикалните мерки 70 отсто од населението би можело да биде заразено, а бројот на мртвите би се броел во милиони. Зехофер на ова предупредуваше неколку пати во првата половина на 2020 година. До денес Германија забележа околу 62,5 илјади смртни случаи предизвикани од инфекцијата со ковид-19.

Преписката по мејл меѓу државните функционери и научниците требало да остане тајна, но група германски адвокати добиле увид и ги објавиле.

Иако ова е случај од првиот бран на пандемијата, значаен е и во вториот бран бидејќи движењето Зеро ковид станува сè подобро организирано и има очигледно влијание врз носителите на одлуки. Основната идеја на ова движење е, без оглед на економските и социјалните последици, да се постави наратив кој ќе обезбеди спроведување на радикалните епидемиолошки мерки насочени на целосно отстранување на коронавирусот.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Критики за тоа дека треба да се слушаат критики од членови, зошто е разрешен Стојко Пауновски, зошто Максим Димитриевски не е член на Централен одбор, беа искажани на последниот конгрес на СДСМ кој се одржа во неделата.

повеќе

Владите ширум светот имаат тенденција да ги следат своите национални интереси, наместо да следат глобално координиран пристап.

повеќе

СКСМ - комора на иднината, САП системите - иднина на македонскиот бизнис.

повеќе