Германски маринци пребарале турски брод во Средоземјето, Анкара ја осуди постапката

Турција го осуди претресувањето кое го спровеле германски маринци на нејзин товарен брод во Средоземното Море во рамки на пошироката мисија на ЕУ за спроведување на ембаргото на оружје наметнато на Либија.

EPA-EFE

„Ние протестираме против оваа акција која е спроведена без овластување и со примена на сила“, соопшти денес министерството за надворешни работи во Анкара.

Германските маринци упаднале на товарниот брод дваесетина километри северно од Бенгази во неделата за да го проверат неговиот товар, но ја прекинале операцијата откако Турција, под чие знаме плови бродот, вложила вето на неговото претресување.

Турција денес ги повика амбасадорите на Европската Унија, Италија и Германија во Анкара и на тие земји им упати протестна нота поради обидот за претрес на бродот за што тврди дека претставува прекршување на меѓународното право.

Турското министерство за надворешни работи ја опиша акцијата како „лицемерно и незаконско однесување“ со турските товарни бродови за Либија и истакна дека тоа „не е прифатливо под какви било околности“. Министерството наведе дека капетанот на бродот Росалин А соработувал и дал информации за товарот кој го превезува, а наводно станува збор за пратка со бои.

„Целиот екипаж, вклучувајќи го капетанот, бил подложен на присилен физички претрес“, соопшти министерството додавајќи дека ќе биде барана отштета.

Германското министерство за одбрана извести дека „не е најдена забранета роба на бродот“ до моментот кога акцијата е отповикана. Германија од август е дел од мисијата на ЕУ Ирини, чија цел е да се прекине испраќањето на оружје на Либија и да се сопре шверцот на нафта.

Либија е во хаос откако нејзиниот долгогодишен лидер Моамер Гадафи беше урнат од власта и убиен во 2011. Земјата стана фронт на спротивставени сили, а во конфликтот се вовлечени и странски земји. Турција ја поддржува либиската влада ГНА во Триполи на чело со премиерот Фајез Сарај, која има поддршка и од ОН, и ѝ испраќа воена помош.

Ривалот на Сарај, генералот Калифа Хафтар, го поддржуваат Русија, Египет, Јордан и Обединетите Арапски Емирати. Тој исто така добива воена поддршка.

Завојуваните страни во Либија месецов почнаа директни политички преговори со посредство на ОН во обид да договорат временска рамка за одржување на национални избори.

Портпаролот на германската влада Штефан Зајберт кажа денес дека Германија, Британија, Италија и Франција го поддржуваат тој дијалог и ги поздравуваат напорите за формирање рамка за одржување избори во декември 2021. „Тоа е важен чекор кон повторно воспоставување на либискиот суверенитет“, им кажа тој на новинарите.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе