Врз СР Југославија

Германски генерал што го командуваше бомбардирањето на НАТО: Посакувам ситуација како во 1999 година

Јохен Бот го командуваше Луфтвафе во Косовската војна, каде што ги пушташе своите пилоти да ги фрлаат бомбите. Денес, вели бившиот генерал, Германија не би можела да се одбрани. Причина: премалку пари.

Германскиот генерал во пензија Јохен Бот е незадоволен. Тој за Билд вели: „Посакувам авијација што повторно ќе добие политичка задача, слично како во 1999 година“.

„Им кажав на моите пилоти: германскиот парламент и германскиот народ се зад вас“, вели генерал-мајорот во пензија Јохен Бот. Во 1999 година тој беше командант на германските пилоти што учествуваа во бомбардирањето на НАТО врз СР Југославија.

Во интервју за Билд ам зонтаг Бот зборува и за одговорноста што на грб ја носи офицерот што ги испраќа своите војници во мисија од која можеби нема да се вратат: „Како војник, мора да прифатите дека некои од вашите колеги војници нема да се вратат живи. За среќа, од таа мисија сите се вратија живи и здрави“.

Пензионираниот генерал ја критикува сегашната состојба на германската армија, која, според него, е доведена во состојба на неподготвеност со реформата во 2010 година. „Јас денес со војниците од Бундесверот и со нашите торнадо авиони веднаш би тргнал во слична акција. Но треба да се каже и дека на Бундесверот денес не му оди добро“, рече Бот заклучувајќи дека без американска помош, Германија не би можела да се одбрани, на пример, во случај на напад од Русите.

Бот јасно стави до знаење кого го смета за виновен за лошата состојба на Бундесверот, но и за лошата позиција на германската армија во рамките на НАТО, поради фактот што Германија не ги издвојува предвидените два проценти од БДП за одбранбени цели:

„Германската канцеларка со тоа испраќа порака дека другите работи ѝ се поважни од безбедноста на граѓаните. Проблемот е и во тоа што овие одлуки не се објаснети во јавноста. Така не се води политика. Ако јас како командант раководев така, ниту еден војник немаше да ги следи моите команди“, изјави Бот за Билд.

Пензионираниот офицер жали што Германија веќе не покажува подготвеност да преземе одговорност како кон крајот на 90-тите. „На сојузната влада денес ѝ недостига волја нашите авиони торнадо повторно да се користат како носачи на бомби. Посакувам авијација што повторно би добила политичка задача за да покаже што може да направи, слично како во 1999 година“, рече Бот.

Македонизмот често е мистика и точка на недоразбирање и меѓу Македонците и на Македонците со другите народи во и околу Македонија.

повеќе

Хрватскиот музичар и кантавтор Дадо Топиќ уште во далечната 1973 година во неговата култна песна „Македонија" ја опиша нашата татковина како „земја каде сонцето вечно сјае".

повеќе

Одолговлекувањето на истрагата за случајот „Рекет" е тесно поврзана со политичките проценки за тоа до каде може да се оди во тактиката „жртва за квалитет".

повеќе