Германски експерт за тероризам: Исламска држава повеќе не е способна да напаѓа

Терористичката група Исламска држава повеќе не е способна за извршување сложени напади, смета германскиот експерт за тероризам Петер Нојман.

EPA-EFE

ИСИС повеќе не е способна за детално планирани, сложени акции како нападот во Париз во 2015, кажа Нојман, професор на студиите по безбедност на лондонскиот универзитет Кингс колеџ.

Во јануари 2015 исламски терористи истовремено извршија напади на пет локации во Париз, вклучувајќи ги концертната сала Батаклан и фудбалскиот стадион Стат де Франс, убивајќи 130 луѓе.

Нојман слабеењето на капацитетите на терористите на ИСИС го гледа во губењето на контролата врз деловите од Ирак и Сирија, односно исчезнувањето на таканаречениот калифат, со што милитантната група изгуби на атрактивност, без што ѝ е потешко да регрутира нови борци.

Заканата која ја претставуваат исламските терористи затоа е значително помала отколку пред шест години, иако „осамените волци“ и понатаму претставуваат закана, смета Нојман. Меѓутоа, тој смета дека за десет години ИСИС воопшто нема да постои.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Да бидеме реални: регионот на многу начини сè уште е претежно (погрешно) разбран и (погрешно) третиран и меѓународно се нарекува „бурето барут на Европа“.

повеќе

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе