Германската војска го нема оружјето што ѝ е ветено на Украина

Германската војска ги нема оружените системи кои канцеларот Олаф Шолц му ги ветил на Киев, соопшти германското министерство за одбрана.

Скриншот Јутјуб

Германското министерство соопшти дека не може да даде детали за ветувањето на канцеларот Олаф Шолц за снабдување на Украина со одреден систем за противвоздушна одбрана. Причината за тоа е што германската војска, Бундесверот, го нема тоа оружје во својот арсенал.

Оружјето за кое станува збор, ИРИС-Т, може да се користи за проектили воздух-воздух со краток дострел, или како одбранбен систем за проектили со краток и среден дострел.

На прашањето каков систем Берлин планира да му испрати на Киев, портпаролот на германското министерство за одбрана, морнаричкиот капетан Давид Хелмболд, одговори дека „ова прашање треба да ѝ се постави на индустријата (за одбрана) бидејќи Бундесверот ги нема овие системи во служба“. Тој истакна дека воопшто не може да коментира бидејќи војската не поседува такви системи.

Коментарот следуваше само неколку часа откако Шолц во германскиот парламент кажа дека владата планира да испрати понапредни оружени системи во Украина, вклучувајќи го ИРИС-Т како и радари кои можат да откриваат точна локација на артилериски оган.

Единствените ИРИС-Т системи кои ги има Бундесверот во својот арсенал се проектили воздух-воздух поставени на ловците јурофајтер и торнадо. Системот е дизајниран да ги замени американските системи АИМ-9 сајдвајндер и е развиен од повеќе земји, меѓу кои Германија, Италија и Шведска.

Во Германија, ИРИС-Т го произведува фабриката за оружје Дил.

„Германија не е само Бундесверот“, истакна Хелмболд, додавајќи дека „изјавата на канцеларот се однесува и на индустриските капацитети“.

Германски Билд во мај јави дека системите ИРИС-Т би можеле да ѝ бидат испратени на Украина во ноември. Берлин постојано го снабдува Киев со лесно оружје, противтенковски проектили и муниција од почетокот на руската инвазија на Украина. Сепак, Шолц беше мета на критики за неговата воздржаност да ја снабди Украина со тешко оружје, кое Киев постојано го бара.

Легенда под Главна слика

Скриншот Јутјуб

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе

Иако е важно да бараме решенија за нашата заедничка историја и да се обидеме да ги разликуваме фактите од пропагандата, зарем не е исто така важно да научиме да живееме заедно и покрај нашите различни и силно политизирани гледишта?

повеќе

Нашето општество е социјално неправедно, а социјалната неправда е, и ќе биде погубна.

повеќе