Германската влада: САД му наметнаа санкции на рускиот брод кој го гради гасоводот

Рускиот брод кој ги поставува цевки за завршување на спорниот гасовод Северен тен 2 меѓу Русија и Германија ќе биде под санкции на американската влада, соопшти денес германското министерство за економија.

EPA-EFE

„Станува збор за воведување санкции за рускиот брод. Со жалење ја објавуваме оваа вест“, кажа за Франс прес портпаролот на министерството, потврдувајќи ја информацијата на германскиот бизнис весник Ханделсблат според која Вашингтон утре ќе ја објави одлуката.

Администрацијата на Доналд Трамп во минатите месеци зареди со закани кон компаниите кои учествуваат во стратегискиот проект кој го финансираат рускиот енергетски џин Газпром и европски компании.

Вашингтон летоска ги засили механизмите кои го отворија патот за санкциите, но сепак не ги воведе.

Официјалното објавување на одлуката е предвидено за утре, ден пред завршувањето на мандатот на Трамп и преземањето на функцијата од страна на Џо Бајден.

Гасоводот Северен тек 2, кој првичниот план требаше да биде пуштен во работа во 2020, би требало да има двојно поголем капацитет од постариот Северен тек 1 и да го гарантира снабдувањето со енергенси на Западна Европа преку Балтичкото Море.

Против него се САД, кои сакаат да го продаваат својот поскап течен гас на Европа, и неколку европски земји, како Полска, кои се плашат од зависноста од рускиот гас која Москва би можела да ја користи како средство за политички притисок

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе