Германската полиција: Пазете се од лажни Хрвати

Фото: ЕПА

Пред неколку дена германската полиција издаде соопштение со наслов „Пазете се од лажни Хрвати“. Германската полициска инспекција со проверка на возила утврдила дека тројца српски државјани користат лажни хрватски лични карти, што им овозможило да добијат илегална работа на територијата на Германија.

Во соопштението се наведува дека на 27 јули 2021 година службениците на Федералната полициска инспекција проверувале возило со тројца мажи.

Во возилото имало тројца српски државјани (33, 34 и 35 години). Тие ги предале пасошите на увид.

Официјалните лица открија дека Србите имале намера да ја злоупотребат привилегијата за безвизен влез за краток престој во Германија, се вели во соопштението.

Три лажни хрватски лични карти биле пронајдени во облеката на еден од тројцата Срби и тие биле одземени.

Користејќи лажни документи за идентификација на Европската Унија, постоел ризик да се преправаат дека се државјани на Унијата на федералната територија, што ќе им овозможело илегално да се вработуваат.

Федералната полиција покрена кривична постапка против тројцата обвинети и следниот ден го оконча нивниот илегален влез со депортација, се вели во полициското соопштение.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе

Енергетската сиромаштија е значително поприсутна во централна, источна и југоисточна Европа, покажува последното истражување.

повеќе