Германската министерка за одбрана: НАТО да ѝ се закани на Русија со оружје

НАТО би требало да ѝ покаже на Русија спремност да употреби оружје доколку е тоа потребно, изјави министерката за одбрана на Германија Анегрет Крамп Каренбауер.

EPA-EFE

Таа истакна дека Москва наводно систематски го нарушува воздушниот простор на земјите членки на воениот пакт, поради што треба посебно внимание да се посвети на нивната заштита.

Германската министерка ја обвини Русија и за постојани сајбер напади и разгорување на миграциската криза на границата на Белорусија и земјите од Европската Унија.

Русија, од друга страна, повеќе пати истакна дека нема агресивни намери против која било земја и дека сите летови на руските воени авиони се спроведуваат во рамки на меѓународните правила за користење на воздушниот простор. Москва истакнува и дека НАТО спроведува невидени активности кај нејзините граници.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе