Германска пратеничка побара и двегодишните деца да добијат право на глас „ако посакаат“

Пратеничката на Зелените во германскиот Бундестаг Емилија Фестер побара право на глас и за двегодишниците.

Фото: ЕПА

Фестер со 24 години е најмладата пратеничка во Бундестагот, а често вели дека сакала да гласа уште на осум години.

Сега го привлече вниманието на јавноста со тоа што се залага за право на глас за малите деца.

Во заедничко интервју со поранешниот претседател на Бундестагот, Волфганг Шојбле, на прашањето кој треба да има право на глас, таа одговори: „Лично, мислам, секој што го сака“.

Кога Шојбле ја праша дали тоа значи и двегодишните деца, Фестер рече дека таа лично верува дека и тие треба да имаат право на глас, а како претставник на Зелените, дека граѓаните треба да добијат право на глас веќе на возраст од 15.

Фестер и во минатото го привлекуваше вниманието на јавноста со непромислени изјави. Во својот прв говор пред Бундестагот, критикувајќи ги ограничувањата за коронавирусот, таа рече дека не била во странство од почетокот на пандемијата. Тоа подоцна се покажа невистинито, бидејќи фотографиите на Инстаграм покажуваат дека во 2020 година била на одмор во Данска.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе