Германска министерка: Следењето на мобилните телефони може да биде само доброволно

Предлогот на германскиот министер за здравство Јенс Шпан да се овозможи следење на мобилните телефони на граѓаните без судски налог е блокиран од социјалдемократите (СПД), партнери во коалициската влада на Ангела Меркел.

Министерката за правда, Кристин Ламбрехт од редовите на СПД рече дека ваквиот предлог значи нарушување на граѓанските права.

Денес за радиото Дојчланфунк изјави дека апликациите за следење како помош во борбата против коронавирусот може да се користат само на доброволна основа во Германија, чии граѓани се многу сомнителни за дигиталниот надзор.

„Тоа е повреда на правата ако имам такви податоци, така што можам само да се сложам со сите кои велат дека доколку постои такво решение што всушност го прекинува ланецот на инфекција, е можно само ако оние кои го имаат на своите мобилни телефони и го користат – тоа го прават доброволно“, рече Ламбрехт.

Германија се надева дека во рок од неколку недели ќе започне апликација за паметните телефони која ќе помогне во следењето на инфекцијата со коронавирусот, откако ќе се постигне широк политички консензус дека усвојувањето на таквиот пристап, во кој прв бил Сингапур, може да биде ефикасен без да се наруши приватноста на граѓаните.

Водечкиот германски виролог Кристијан Дростен изјави дека користењето на информациите за локација на граѓаните за да се откријат контактите, како во Јужна Кореја, ќе треба да биде поткрепено од бројни тимови на здравствени работници кои би можеле да направат интервјуа со голем број заразени лица и лица со кои биле во контакт или биле изложени на вирусот.

Дростен, директор на Институтот за вирологија во берлинска болница, рече дека Германија ги нема овие ресурси и затоа е залудно.

Се затвораат цркви, но се отвораат кладилници.

повеќе

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе