Германска министерка го одби враќањето на задолжителниот воен рок

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок ја отфрли можноста за повторно воведување на задолжителниот воен рок за време на јавната сесија на прашања и одговори во Минхен во петокот.

Фото: ЕПА

Бербок објасни дека воениот рок нема смисла кога е во прашање безбедноста, „особено не кога сме во ситуација луд број на луѓе – помлади, но и постари – да велат: сакаме да се пријавиме“.

Таа истакна дека, како што стојат работите, во моментов нема доволно програми за обука и средства за сите оние кои сакаат да служат во германските вооружени сили да можат да го сторат тоа.

Бербок зборуваше за задолжителниот воен рок во петокот во Минхен, на крајот од „турнејата на слушање“ организирана од министерката за надворешни работи за да ги слушне безбедносните прашања што ги загрижуваат германските граѓани.

Турнејата се совпаѓа со подготовката на првата сеопфатна стратегија за национална безбедност што ја подготвува Министерството за надворешни работи за германската влада.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе